Приведен кумановец за „тешка кражба“

СВР Куманово информира дека вчера изутрина во 06.30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 30 -годишен кумановец. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба”, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор во село К’шање за доиздржување на казната.

Коментари

коментар(и)