Приведен кумановец, осомничен за измама

Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, го лишиле од слобода З.С.(70 години) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на мерка притвор, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.

Коментари

коментар(и)