Шеесет и шестгодишен кумановец бил приведен во полицијата, бидејќи со остар предмет му се заканувал на 20-годишно момче, информира кумановската полиција.
Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.А. (66 години) од Куманово затоа што на улица „Козјачка“ во населба Доброшане со остар предмет му се заканувал на Д.С.(20 години) од Куманово. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.