Приведен Србин осомничен за „свирепо убиство“

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и Регионален центар за Гранични работи Север, вчера на територијата на општина Кавадарци, пронашле и привеле 43- годишен српски државјанин од Пожаревац, кој во Србија е осомничен за сторено кривично дело „свирепо убиство“ на неговиот брат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка, информира МВР.

Коментари

коментар(и)