Привршува огласот за земјоделско земјиште

Во тек е јавниот оглас за доделување на обработливи површини во државна сопственост на парцели до 3 хектари. Од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово објаснуваат дека земјоделските површини се наоѓаат на различни локации, дел од нив се во  селата Пчиња, Студена Бара и Тромеѓа и во Општината Старо Нагоричане. Оттаму додаваат дека годинава има помалку заинтересирани за разлика од претходните години поради новините во аплицирањето за добивање на земјоделско земјиште.

 – Оваа година ново е што треба првин да се извадат елаборати од парцелите за кои што аплицираат и банкарска сметка по 4280 денари за хектар, тие пари да  ги уплатат на жиро сметка за банкарска гаранција.  4200 денари е почетната цена на хектарот но има наддавање во зависност од квалитетот на почвата, вели Живка Наумова, раководител на регионален центар во АПРЗ.

Право на учество имаат домашни и странски, правни и физички лица кои немаат склучен договор за закуп за државно земјиште со Mинистерството за земјоделство. Клучни критериуми за избор на најповолен понудувач се оддалеченоста на местото на  живеење, годишната закупнина по хектар и правниот статус на понудувачот. Закупот ќе трае од 15 до 70 години во зависност од активноста и земјоделската култура која ќе се одгледува.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)