Прикажан документарниот филм за човекови права

„Приказна за човековите права“ е насловот на документарниот филм  кој синоќа беше прикажан во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а го организираше Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Десетминутниот филм е презентиран по повод меѓународниот Ден на човекови права, 10-ти декември.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Емилија Трајковска истакна дека сакаат да запознаат нивните членови со значењето на човековите права, да потсетат кој ги гарантира, на кој начин се уредени и каков бил нивниот развој во текот на годините.

-На краток јасен начин е прикажано на кој начин луѓето во светот ги сфаќаат човековите права, историскиот тек, нивниот развој, декларациите со кои тие се утврдени, загарантирани како универзални права на секоја единка на светот, како права кои секој од нас ги стекнува со самото раѓање и како права коишто траат. Во самиот филм не е прецизирано точно за кои права тоа е кратка репортажа на луѓе, случајни минувачи кои се прашани на кој начин тие ги сфаќаат и што за нив претставуваат човековите права-изјави таа.

Од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ истакнаа дека и во иднина ќе продолжат на овој начин да ги одбележуваат значајните денови од месецот.  Инаку филмот е изработен од организацијата Обединети за човекови права.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)