Приредба во домот за стари лица

Во пресрет на утрешниот празник -11  Октомври, членови на здружението на жени „Нада Михајлова“  и на поетскиот клуб „Обденица“ , денеска ги посетија корисниците на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ . Со изведба на пригодна програма, рецитали, драмски изведби, музички точки , здружението  и поетскиот клуб ги развеселија штитениците.

-Здружението  и поетскиот клуб „Обденица“  традиционално се вклучуваат  во сите културни настани во Куманово, изјави Зора Ивановска, здружение на жени „Нада Михајлова“

Домот за стари лица освен со „Нада Михајлова“  соработува со повеќе здруженија и  културно уметнички друштва од градот.

-Неодамна беше први октомври  Ден на старите лица и тогаш го одбележавме. Имаме долгогодишна традиција и соработка со многу културно- уметнички друштва, здруженија, волонтери, црвениот крст  . И денеска се потрудивме со пригодна програма да го одбележиме -11 Октомври,  изјави Росица Митиќ, Дом за стари лица

Во „Зафир Сајто“  престојуваат  157  лица од повеќе градови .

Коментари

коментар(и)