Пристапните фондови на ЕУ

Можностите за финансирање што ги нуди Европската унија преку своите достапни фондови денеска во големата сала на поранешната зграда на Комитет им беа презентирани на кумановци на трибина оргнаизирана од делегацијата на ЕУ во Македонија.

Со работилницата работеше раководителот на Сектор за соработка на делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини кој вели дека целта е да се запознаат граѓаните на кој начин да пристапат до овие фондови и да ги искористат финансиските средства за реализација на идеи и проекти.

– Уште една работилница која што ја остваривме со цел да им се приближиме на граѓаните и со цел да обезбедиме повеќе информации за достапните ЕУ фондови, но исто така доста значајни се затоа што тука успеваме да добиеме повратни информации од самите граѓани за да знаеме како ние да ги корегираме работите во однос на добивањето на ЕУ фондовите. Куманово е опфатен со многу програми кои што ги имаме ние во Европската унија, со цел да се оствари подобра комуникација со вработувањето, земјоделството, сите различни сфери, изјави Бертолини.

Како што посочи Бертолини на работилницата учествувале посветени луѓе кои преку проектит сакаат да го подобрат животот во својата општина.

Во 2007 година како што беше истакнато на работилницата, ЕУ во Македонија има вложено 110 милиони евра само во образование, култура, вработување и социјалниот сектор, додека за справување со животната средина минатата година на располагање биле 200 милиони евра.

Коментари

коментар(и)