Пристапни рампи и тоалети во „Кочо Рацин“

И „Кочо Рацин“  стана дел од основните училишта во Куманово кои што имаат обезбедено соодветни услови за своите ученици со телесен инвалидитет. Преку проектот Сложувалка, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија, а во реализација на партнер проектот невладиното здружение „Мобилност“  од Куманово, тимот од „Кочо Рацин“  и дел од бизнис заедницата во училиштето денеска  беа пуштени во употреба пристапни рампи и тоалети за децата со телесен инвалидитет.

„Ова е од особена важност за децата со инвалидност бидејќи оттука започнува се во животот. Понатаму во зависност од тоа каква едукација ќе имате во животот зависи и колку ќе станете конкурентни на пазарот на трудот и како понатаму ќе се осамостите во својот живот“, посочува претседателот на „Мобилност“ ,  Бранимир Јовановски.

-Ние се надеваме благодарение на тимот кој го спроведе овој проект дека оваа рампа која денеска ја пуштаат  во употреба и тоалетот кој е од особена важност за дечињата кои повеќе часови престојуваат во училиштето дека ќе помогне на оние дечиња кои ќе бидат запишани овде во иднина и дека многу полесно и поубаво ќе се чувствуваат при посетувањето на наставата во ова училиште, изјави Бранимир Јовановски, претседател на здружение „Мобилност“ , Куманово

-Направивме два тоалета по стандарди за деца со телесен инвалидитет, влезни рампи, приод за паркинг простор, влез во училиштето и внатре, рампа за користење од страна на лицата со посебни потреби. Искрено се надевам дека нема да ни требаат овие рампи ама желбите се едно , реалноста е друга, така што веќе имаме потреба за вакво нешто ,изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ„Кочо Рацин “

Од „Мобилност“  се надеваат дека државата, но и општините во иднина ќе одвојуват повеќе средства за адаптација на сите училишта на потребите на децата со телесен инвалидитет.

-Генерално гледано во РМ не само во Куманово состојбата е многу лоша, ние навистина не можеме да се пофалиме со голем број на училишта кои што се адаптирани за престој на дечиња со телесен инвалидитет, меѓутоа очекуваме дека овој наш прв чекор ќе биде поттик за понатаму да може и локалната самоуправа и министерството да одвојат повеќе средства и конечно да го направат она за што и се задолжени, а тоа е училиштата да бидат пристапни за сите, изјави Јовановски.

РМ е една од земјите која што ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост . Водечки принципи на конвенцијата се почитување на неразделивото достоинство, индивидуалната автономија со слобода за личен избор, и независноста на лицата, недискриминација, целосно и ефективно учество и вклученост во општеството, почитување на различноста и прифаќање на лицата со попреченост како дел од човечката разноликост и човечност, еднаквост на можности, пристапност , еднаквост помеѓу жените и мажите и почитување на развојните капацитети на децата со попреченост и почитување на правата на децата со попреченост да го одржат својот идентитет.

Коментари

коментар(и)