Притворени две лица, затекнати при кражба

Лишени од слобода двајца кумановци, затекнати при кражба, информира Секторот за внатрешни работи Куманово.

„Полициски службеници од СВР Куманово, вчера по 21 часот ги лишиле од слобода Н.М.(61 година) и Д.И.(34 година), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати во деловен објект во село Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“. 

Коментари

коментар(и)