Во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека во Ургентен центар Куманово бил донесен починат Х.З.(37 години) од село Гошинце, општина Липково и едно повредено лице В.М.(26 години) од село Лопате, кумановско. По преземени мерки, извршениот разговор со повреденото лице и извршениот увид било констатирано дека при сеча на дрво во село Гошинце, врз нив паднало дрво при што В.М. се здобил со повреди, додека Х.З. починал. По наредба од јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција, информира полицијата.
При сеча повреден жител, починал од повреда
