Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги врачи признанијата на најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот за 2018 година. За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Аслан Аети, додека за најдобар вработен во Територијалната противпожарна единица е прогласен Сашо Илиевски. Градоначалникот како награда симболично во знак на благодарност им  врачи часовници.

– Ја користам оваа прилика да се заблагодарам за сите ваши активности, за вашата доследност во службата но исто така да се заблагодарам и на сите ваши колеги и припадници на органите коишто ги претставувате, бидејќи вашите секојдневни работни задачи покрај тоа што имаат хуман аспект првенствено се поврзани со голем број на предизвици. Куманово е една од најбезбедните општини, Куманово е општина која знае да се справи со сите предизвици, граѓаните на општина Куманово благодарејќи на вас се чувствуваат побезбедно, заедно сакаме да работиме на тој план и да постигнуваме уште поголеми резултати и општината, граѓаните го препознаваат тоа-нагласи Димитриевски.

Полицискиот службеник Аслан Аети, зад себе има повеќе од 15 години кариера во рамките на Секторот за внатрешни работи.

– Би сакал да се забалагодарам на градоначалникот и советот на општина Куманово, благодарност и до моите колеги, кои сметале дека оваа заслуга е моја а пред се би сакал да се заблагодарам на сите мои колеги бидејќи оваа заслуга не е само моја, заслуга е на сите од мојата единица и чувството е прекрасно истото ќе биде и поттик за моите понатамошни работни задачи и тоа најдобро ќе го почувствуваат граѓаните на општината-нагласи тој.

Сашо Илиевски, кој нешто повеќе од една година е дел од Територијалната противпожарна единица Куманово е прогласен од своите колеги и од општината за најдобар работник во 2018 година.

-Чувството е прекрасно, благодараност до градоначланикот, до моите колеги, командирот што ми дадоа вакво признание. Јас се надевам дека со работата, посветеноста оваа година ги оправдав моите очекувања. Исто така можам да кажам дека сето тоа не ќе беше постигнато да не беа моите колеги, пожарникарството е една хумана работа, работиме во тим и зависиме секој од секого, така што со помош на командирот на единицата кој знае да не екипира, вежбаме-истакна тој.

Инаку градоначалникот информираше дека по 18 години, општината одвоила средства за набавка на опрема на пожарникарите. Новите професионални униформи по празниците ќе им бидат врачени на пожарникарите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)