Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги врачи признанијата на најдобриот полициски службеник, како и најдобриот пожарникар во градот за 2019 година.

За најдобар вработен во Секторот за внатрешни работи Куманово, по предлог на своите колеги е избран Горан Величковски, додека за најдобар вработен во Територијалната противпожарна единица е прогласен Розе Спасовски.

Градоначалникот им честиташе на признанијата и им порача да бидат пример за своите колеги и да ги мотивираат да бележат високи резултати.

-И со двете институции имавме одлична соработка, тековната 2019 година. Особено сме задоволни во делот и ангажманот на сообраќајната полиција, и апелираме да продолжи таа интенција за зачестени контроли, особено за прекршоците во сообраќајот и зголемување на недозволена брзина на движење, а воедно сме многу горди на сето тоа што нашата противпожарна единица го направи во градот оваа година. Со тие лимитирани средства и ресурси со кои располага со надчовечки напори сепак се справи со голем број на пожари, предизвици и спречи голем број на евентуални несреќи-истакна кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Полицискиот службеник, Горан Величковски кој зад себе има 26 години кариера во рамките на Министерството за внарешни работи, изрази благодарност до надлежните што го предложиле да биде избран за најистакнат работник во 2019-та.

-Благодарност до сите полициски службеници во СВР Куманово, како и до полициски службеници, полицајци кои работеа со мене во цивилна облека во стилот на Алфа единица. Имаме одлични резултати во сузбивање на криминалитет, недозволена трговија со дрога и други дејанија кои се спротивни на законот. Оваа награда значи многу , јас сум пред пензија уште три години-нагласи тој.

Розе Спасовски, кој 30 години е вработен во Територијалната противпожарна единица Куманово е прогласен од своите колеги и од општината за најдобар работник во 2019 година. Тој зад себе има повеќе награди и признанија.

-Оваа награда ми значи големо задоволство и желба за понатаму, голем мотив. Благодаредност до градоначалникот, како и до командирот и целата противпожарна единица кои ми овозможија да ја добијам наградата. Се справуваме со големи предизвици, таква ни е работата, за ова треба да се има желба за да се работи-нагласи тој.

Градоначалникот како награда симболично во знак на благодарност им врачи часовници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)