Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

Виктор Христовски е прогласен за најистакнат полицаец во 2015-та, а Митко Колевски е пожарникар на годината. И во двата случаи станува збор за професионалци во својата дејност со повеќегодишно работно искуство, а се предложени за работници на годината од своите колеги. Христовски кој има 17 години работно искуство во полицијата  смета дека  само со правилно работење и рамноправно постапување кон сите учесници во сообраќајот може да изгради успешна кариера.

-Чест и гордост е за секој полициски службеник во текот на својата кариера да добие вакво признание со што уште повеќе ќе се ангажирам да бидам уште подобар за да бидам поуспешен од сега. Имам  17 години кариера и е чест секој полицаец да го доживее тоа. Со правилно работење и постапување рамноправно кон сите учесници во сообраќајот мислам дека уште пшовеќе ќе успеам во кариерата, Изјави Виктор Христовски, полицаец на годината

– Било кој да ја добил наградата би бил благодарен и поттик за натамошната работа, ние работиме тимски и секој сам не може да ја заврши работата, работам 30 години ефективно, сега сум водич на група. Периодов се палат покриви, куќи, технички интевенции имаме, поплави , редовно имаме работа, имаме околу 480 пожари годинава изјави Митко Колевски,  пожарникар на годината

Најистакнатите работници во полицијата и територијалната противпожарна единица традиционално ги прогласува градоначалникот на Куманово.

-11 година по ред,  а и порано беше традиција на крајот на годината луѓето кои се грижат за безбедноста на градот, тоа се припадниците на подрачна единица на МВР и противпожарната единица, луѓе кои даваат најголем придонес за граѓаните да мирно да спијат, по тој повод секоја година прогласуваме најистакнат работник во п.е. на МВР и противпожарната служба, изјави  Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

За успешната работа годинава градоначалникот Дамјановски ги награди со рачни часовници.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)