Прогласени најдобрите спортисти

Општинскиот Сојуз на спортови Куманово денеска додели награди и признанија за најуспешните спортисти и спортски работници за минатата година. За најдобри спортисти се прогласени Атлетичарката Матеја Ефремовска и велосипедистот Стефан Петровски. Ефремовска во 2015-та стана државен првак во фрлање на диск и ѓуле, а учествуваше и на бројни државни и меѓународни натпревари, кадешто освои неколку први места.

-Прекрасно е чувството кога од сиот напор целата година, којштом е вложен се гледаат резултатите. Веќе бев и на европско првенство, благодарам до општината којашто ми пружи поддршка и издвои финасии за да учествувам на европското. Така што се надевам дека оваа сезона уште подобри резултати ќе постигнеме-изјави таа.

Велосипедистот Петровски, не присуствуваше на манифестацијата бидејќи во моментов учествува на велосипедската меѓународна трка во Солун.

-Како мајка многу се гордеам зашто тој е долгогодишен победник и многу признанија заслужено победува и многу сум горда на неговите успеси. Го подржувам секогаш стојам зад неговите успеси и многу сум горда. А воедно и на мојот сопруг и помладиот син кој чекори зад него. Но целата заслуга е на мојот сопруг -изјави Станче Петровска, мајката на Стефан.

Меѓу најдобрите се и Тања Ивановска ФК Речица, Филип Наковски, кик бокс, Крисијан Станковски, бокс, Александар Костовски КК Куманово, Викторија Пејовска, ракомет, Никола Ѓукиќ Вело М, Вукашин Мандиќ КК Куманово и други.

Спротистите и спортските работници ги поздрави претседателот на Сојузот на спротови, Сашо Петрушевски кој истакна дека врвните резултати покажуваат дека Куманово е град на спортот.

-Спортистите се амбасадори и претставници на градот, во Македонија и Европа. Еден исчекор во спортот,  третман, општинскиот сојуз на спортови каде ние како матица или сервис на сите овие клубови сме подржувачи, имплементатори на сите овие работи кои ги работат и се надевам дека во иднина во соработка со Советот на општина Куманово, градоначланикот и општинскиот Сојуз на спортови ќе менаџира со сите спортови и мислам дека спортот во Куманово мора да оди во нагорна линија и треба овие резлутати да ги одржиме и унапредиме-нагласи тој.

Наградите на најдобрите им ги врачи градоначалникот Зоран Дамјановски, кој најави дека градот во мај ќе биде домаќин на училишната Гимназијата, но најави и отворање на затворениот базен.

-Јас денеска сум горд што 90-ина индивидуалци примија награда, зборуваме за една масовна организација на училишни, аматерски, професионален спорт. Подржуваме од танцовите клубови до највисоките брендови како што е ракометот, кошарката, боксерите, атлетиката кои дадоа големи резултати. Чувствувам одговорност за она што можеме како финансиски потенцијал да го подржиме спортот и кажав дека целата организација Сојузот на спортовите кој го менаџира спортот има буџет 10 проценти од буџет на една екипа од големи брендови, како што се ракометните клубови Вардар, Металур-изјави тој.

За најдобри спортски клубови се прогласени Стрелашкиот клуб, Вело М и Атлетскиот клуб Куманово, додека најпопуларна екипа е кошаркарскиот клуб Куманово. На најголемата спортска манифестација, признанија добија и најмладите спортисти, ученици, училишта, тренери, пензионери и сите успешни спортски работници.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)