Програма за туристичка промоција на Куманово

Општина Куманово годинава ќе работи на програма за туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот. Оваа предлог програма вчера се најде на дневниот ред на Советот.

За таа цел веќе е изработена веб страна насловена „Визит Куманово“. Страницата во моментов функционира на македонски и англиски јазик, а наскоро ќе биде преведена и на албански. На неа може да се видат речиси сите туристички локалитети во североисточниот регион, угостителски објекти, односно се она што може да го интересира еден странец.

Од одделението за стратешко планирање и локален економски развој на Општина Куманово, истакнаа дека освен веб страната, планираат да започнат со реализација на Чевларска шопинг тура.

-Разговарано е со сите чевлари, идеа е од она што се случува во Штип или во другите градови каде текстилот е брендиран, па по 10 автобуси заминуваат во Штип, а го користат тоа и за да заминат на пастермајлија. Нешто слично е предвидено и за Куманово и досега во тек на викендите доаѓаат или поединечно или организирано за да купуваат чевли, затоа што еден од брендовите на Куманово е и чевларството-нагласи Зоран Павловски.

Тој информираше дека за оваа цел ќе бидат искористени средствата кои се собираат од туристичка такса. Советниците имаа поделено мислење за програмата, но се согласија дека првин треба да се уреди градот, а потоа да се размислува за промоција.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)