Продажни изложби на „Порака наша“

Корисниците на дневниот центар за интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска организираа продажни изложби по повод 14-ти февруари,  Денот на вљубените и Денот на виното. Тие заедно со волонтерите продаваа различни предмети, кои ги изработиле во центарот. Собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за уредување на просторот во кој престојуваат секој ден.

-Имаме разни предмети, како што се тегли, букети, престилки за во кујна, кои може да се користат за складирање разни работи, вреќи за ќеси, колачиња кои со секој купен предмет ги доделуваме со порака-изјави Владана Ранчиќ практикант во Порака наша.

Од „Порака наша“ истакнаа дека корисниците на центарот со задоволство ги изработувале предметите и нестрпливо ја очекувале продажбата.

-Досега сме задоволни како почна во почетокот малку немаше одзив, но одеднаш сите дојдоа и добро е, мислам дека доста продадовме за еден час колку што сме тука и сме задоволни-нагласи Ранчиќ.

Од Дневниот центар за лица со интелектуарлна попреченост над 18 години, истакнаа дека наскоро планираат да одржат продажни изложби по повод Денот на жената, 8-ми март, како и за христијанскиот празник Велигден.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)