Продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Пролонгиран е рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско производство и сточарство. Заинтересираните за оваа мерка може да аплицираат до крајот на месецов. Оваа одлука ја донесе Владата за да им излезе во пресрет на земјоделците.

-Рокот е продолжен до 30 –ти јуни. Воедно, сите производители на кравјо и овчо млеко за првите 4 месеци од годинава можат да поднесуваат барања за произведено и продадено млеко во млекарниците до 15-ти јуни, изјави Насер Даути, раководител на подрачно министерство за земјоделство

Освен ова, Министерството за земјоделство објави јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на користење на социјално загрозени лица. Раководителот Даути ги повикува корисниците на државна парична помош да аплицираат за земјоделско земјиште со површина од 3 хектари, кое ќе го обработуваат без плаќање на закуп.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)