Продолжуваат активностите за „Месецот на книгата“

Во градската библиотека Тане Георгиевски деновиве се одржува мини саем на книгата од издавачката куќа Просветно дело. Саемот е во рамки на активностите кои што се организираат по повод Месецот на книгата, односно популаризација на книгата и читањето.  Кумановци по промотивни цени до сабота можат да ги набават делата од Мирјам, Џон Гришам, Исидора Бјелица и други познати автори. На штандот се и детски енциклопедии и литература.

-Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да си купат книги по промотивни цени, со намалување од 70 проценти. Денеска имаме исто така средби со двајца писатели Стојан Тарапуза и Христина Николовска, кои ќе одржат работилници во средното училиште гимназија Гоце Делчев и основното Кочо Рацин-истакна директорот на библиотеката Тане Георгиевски, Марјан Петковски.

Учениците од Кочо Рацин со писателите ќе работат на тема Од светот на диносауруси до современо време, додека гимназијалците ќе расправаат на тема Мојата иднина.

Инаку вчера се одржа традиционалниот ликовен натпревар а денеска  литературниот, на кој учествуваат ученици од основните и средните училишта. Најдобрите ќе бидат наградени на завршната манифестација.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)