Продолжуваат активностите од проектот „На патот“

Идејата на проектот „ На патот“ е да создаде услови уметноста да излезе од галериите и да се доближи до обичниот човек. Живеејќи во време кога луѓето немаат интерес да се посветат на уметноста, уметниците мора да направат компромис и своите дела да ги изложат пред публиката на друг начин.

 Токму затоа, комисијата ангажирана во изведбата на проектот ја прифати идејата на академискиот сликар и конзерватор Валентина Илијевска своите уметнички сфаќања да ги претстави на улица.

Комбинирајќи ја идејата за актуелизирање на проблемот со аерозагадувањето и важноста од зачувувањето на зеленилото во градот, таа изврши конзервација врз дрвјата со цел да ги заштити од болестите кои континуирано ги напаѓаат, но во исто време, врз нив изврши и уметнички интервенции за да го разбие сивилото во центарот на градот, особено видливо во зимскиот период

Нејзиното дело „Улица на виножитото“ е директно инспирирано од некои добро познати инсталации (на пр. Blue trees на Димопулос) и ефективно го освојува окото на минувачот.

Се надеваме дека ваквиот начин на творење ќе ги предизвика кумановските уметници да продолжат со своето творештво на неконвенционален начин-стои во соопштението од ЛАГ АБЕР 2015.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)