Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето СВР Куманово изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-велат од полицијата.
Продолжуваат сообраќајните контроли, изречени 114 казни
