Продолжува граѓанскиот марш во Куманово

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вчеравечер го одржа вториот протестен марш низ централното градско подрачје. Граѓаните  и поддржувачите на мирниот протест синоќа повикаа сите да се обединат против платформата која е донесена во туѓа држава, а се однесува на Македонија. Задоволни се и од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го даде мандатот за формирање Влада на лидерот на СДСМ , Зоран Заев, нарекувајќи го претседателот –татко на нацијата.

„Конечно еден македонски претседател да застане зад црвените линии за македонската унитарност , самостојност и се она што ги чини нашите национални и државни интереси“  , рече во своето обраќање пред центарот за култура,  универзитетскиот професор Виолета Ачковска.

– Тоа е голема работа , имаме татко на нацијата. 25 години издржавме , не го променивме името. Tоа кажува колку сме ние тврдокорен народ, колку сме како пирејот, колку не толчат, не сечат, не дробат повторно ние изникнуваме како феникс и никој не може нашиот образ и нашето достоинство да го уништи. Формулата за двојазничност е само една коска зад која се крие федерализација и поделба на државата и тогаш тоа е последната фаза од една голема игра да ја снема македонската држава и македонскиот народ да остане без државност. Затоа сите заедно сплотени , ова е четртиот Илинден, бидејќи после ова нема за што и за кого да се бориме, ќе немаме татковина, -изјави Виолета Ачковска, универзитетски професор

Професорката по историја Ачковска повика во името на сите да се сочува и мирот на Балканот. Рече дека тие не се Шарена револуција, луѓе кои го омаловажуваат сопствениот народ, туку дека ја сакаат својата татковина и дека Македонија секогаш била  и ќе биде вечна.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)