Продолжува маршот за унитарна Македонија

Мирно заврши  вчеравечер седмиот марш во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово против промена на Уставот на  Македонија, заштита на името и суверенитетот на  државата. Протестот синоќа отпочна од соколанскиот парк,  по улиците низ централното градско подрачје  се до центарот за култура „Трајко Прокопиев“, каде што за разлика од претходните протести немаше обраќање пред присутните од организаторите. Граѓаните синоќа уште еднаш побараа да не се воведува двојазичност и да се зачува унитарниот карактер на државата.

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија “  сметаат дека преку   нови парламентарни избори ќе се излезе од политичката ркриза во државата .Организаторите ги повикуваат граѓаните без разлика на политичката , етничка  и верска припадност да се обединат против платформата на албанските партии.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)