Продолжува проектот за општинско-корисна работа

Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски денеска по повод претстојните новогодишни празници, го посети Дневниот центар за лица со попреченост, кој се наоѓа во близина на поранешен Чик. При посетата на лицата им подели новогодишни пакетчиња,  но и соопшти дека и наредната година ќе продолжи проектот за општинско-корисна работа. Дамјановски смета дека проектот придонел за реинтеграција на овие лица во општеството и затоа одлучиле да го продолжат.

-Ние сме постојани подржувачи и на дневниот центар и на Порака наша над 18 години, нешто што не смее да биде само на овој ден, ангажманот на целото општество треба да биде во насока овие луѓе да имаат еднакви можности, права впрочем и законот налага многу работи да бидат отворени и покрај бариерите, инклузија во општеството на лица со пречки во развојот. Се надевам дека она што го видовме за изминатите две години за нивната активност и ентузијазам во насока на реинтегрирање на лицата со пречки во развој ќе даде уште поголем допринос во ресоцијализација на овие луѓе-нагласи тој.

Психологот од Дневниот центар за лица со попреченост, Ивица Благојевиќ изрази благодарност поради посветеното внимание и истакна дека 2015-та била успешна година за нив и дека ги исполниле сите планирани активности.

-2015 година ни беше пробен период за да видиме до каде стасавме со работни дисциплини со лица со посебни потреби. Се обидовме да ткааеме, направивме импровизирани мали разбои во кои правевме одредени парчиња сега планираме да земеме поголеми, професионални разбои да ткаеме, работиме затоа што и овие лица можат да чувствуваат дека се општествено корисни односно да ја прилагодуваат средината која им  е потребна за своите потреби и да бидат општо корисни за самото општество-нагласи тој.

Дневниот центар за лица со попреченост го посетуваат 24 корисници, а двајца доаѓаат привремено.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)