Продолжува реконструкцијата на домот за стари лица

Околу 4 милиони денари ќе бидат инвестирани во реконструкција на домот за стари лица „Зафир Сајто“ годинава, а што ќе биде обновено допрва ќе одлучат надлежните. Ова ќе биде продолжение на проектот за реконструкција  на домот што беше започнат  минатата година, која што директорот ја оценува како успешна врз основа на реализираната годишна програма.

– Имавме одредени инвестиции што сметам дека секоја установа треба да одвои одреден процент на буџет за одржување на објектот, што ние го правиме секоја година. Во 2016-та година беа инвестирани два проекта за реконструкција, едниот беше замена на старите прозорци со нови околу 2 милиони и триста илјади денари, а вториот беше за монтирање на плочки на подови, на холови, на ходници и слично. Вредноста на договорот беше милион и двеста илјади денари  што сметам дека оди во насока на значително подобрување на условите за сместување во домот,  изјави Џемаљедин Неџипи, директор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“

Надлежните посочуваат дека годинава се одвоени и поголем број средства за блок дотации кои што домот ги добива од ресорното министерство.

-Ние функционираме со две сметки, едната сметка е сопствени приходи, втората е со блок дотации кои ни се обезбедуваат во рамките на буџетот на министерството за труд и социјална политика . Во 2017 имаме зголемување на блок дотации односно буџетот што се финансираме од ресорното министерство околу 15 милиони и 900 илјади денари оваа година да ги реализираме. Со овој буџет мислам дека ќе влијае значително на подобрување на условите односно услугите што ги нуди домот.  Ние веќе имаме одобрен буџет за 2017 година останува наредниот период да го реализираме успешно, изјави Џемаљедин Неџипи, директор на Дом за стари лица „Зафир Сајто“

Дека условите за престој во домот постојано се подобруваат потврдуваат и корисниците на услугите . Домот за стари лица „Зафир Сајто“  денеска го доби 150-от  корисник . Вработените во оваа институција постојано се сведоци на раѓањето  на нови пријателства, другарувања, но и љубов меѓу нив.

– Овде престојуваат три брачни пара, а  ние сме сведоци на градењето  на заедничка иднина на корисниците. Љубовта не познава граници ,а надежта е последна, овде има меѓусебно дружење и помагање со што се создаваат емоции , се раѓаат љубов, другарување, пријателство, изјави Росица Митиќ, социјален работник

Голема улога во разубавување на секојдневието на корисниците на домот за стари лица има и соработката на оваа установа со бројни организации од градот, училишта, градинки, црвениот крст и здружението на пензионери.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)