Во петок ќе се одржи традицоналната манифестација ромски бал, по повод празникот Василица. Организатор е ансамблот за игри и песни „Рушит Шакир“, од каде се надеваат дека и во иднина ќе успеат да го задржат духот и традицијата за одбележување на овој ромски празник.
-Ансамблот на народни игри и песни од 1976 година наваму постојано со неколку паузи редовно организираше ваков бал, секогаш беа присутни граѓаните, и во времето на комунизмот и сега во демократското општество. Ќе присуствува естрадниот уметник, Ержан Амети, кого младите го сакаат и постарите, да ја поделиме оваа радост заеднички-наведе Шаип Рамадани, член на одбор на Василичарски бал.
Рамадани раскажа дека традиционално по повод Василица, домаќинките подоготвуваат богата трпеза, а се крши и погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му се падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.
-Утре се колат мисирки, како жртва за овој ден, задутре четврток доаѓа рано наутро полазникот со бадниково дрво и пченка кој тропа на вратите влегува внатре и децата ги удира по глава за среќа и здравје за оваа година. Потоа доаѓаат соседи, роднини, пријатели, порано во градот имаше многу семејства кои го празнуваат овој празник, последните години со оглед на економската состојба тој број е намален- изјави Рамадани.
Манифестацијата ромски бал ќе се одржи во петок, во ресторанот Грација, со почеток во 20 часот.