Продолжува „Шарената револуција“ во Куманово

Мирно и без инциденти помина синоќешниот протест на активистите и подржувачите на граѓанската иницијатива Протестирам. Како и на претходните и на овој протест, поддршка дадоа членовите и симпатизери на опозициските партии, а пред присутните се обратија Оливер Спасовски и Роберт Алаѓозовски од СДСМ, кои побараа целосно повлекување на аболицијата и прочистување на избирачкиот список, со цел овозоможување на услови за фер и демократски избори.

-И шарената револуција и боењето се заради Иванов, а се додека не се укинат аболициите ќе се бориме и боиме. Кога ќе ги укине аболициите а верувајте дека тоа ќе го направи многу скоро, тогаш ќе треба да направиме само неколку работи, чист избирачки список, да ги регулираме медиумите, да ослободиме простор и да дадеме простор за сите политички субјекти да учествуваат на изборите, и на крајот граѓаните да можат самостојно и слободно да донесат одлука а таа во овој момент е една заради тоа што и изборот е еден нема повеќе-истакна Спасовски.

Тој нагласи дека протестите ќе продолжат, бидејќи граѓаните повеќе не стравуваат и тоа го покажуваат секојдневно на улица.

Протестот започна пред Основниот суд, по што учесниците со транспарент Шарена Револуција се упатија кон улицата Гоце Делчев, булеварот Трета МУБ, Народна револуција, Градскиот плоштад. Тие извикуваа „Нема правда, нема мир“ и бараа оставка.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)