Проектни активности на „ Порака наша “

„Продолжено моќно образовно партнерство “ е еден од проектите во чија што реализација, покрај општинските сектори и јавни институции, активно е вклучен и дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша „. Проектот се спроведува преку две проектни идеи, информира координаторот Мартина Костовска од „Порака наша“. Како што информира Костовска, првата проектна идеја се однесува на таргет групата – самите корисници на дневниот центар.

-Како и секоја година во овој период започнуваме во соработка со општината , поточно со секторот за култура и спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита,  каде што освен Порака наша , другиот дневен центар и општината , учесници се и јавни институции како што е фондацијата за култура и спорт , општинскиот сојуз на спортови , јавното претпријатие Чистота и зеленило од една страна, а од друга страна образовните институции како што се основните училишта 11 Октомври, Толи Зордумис , Браќа Миладиновци и Кочо Рацин. Тука има две проектни идеи, првата проектна идеја се однесува на таргет групата- самите корисници на дневниот центар. Ова е веќе започнато , проектот е насловен „Продолжено моќно образовно партнерство“  кое што се спроведува во рамките на програмата Општинско-  корисна работа и со првата проектна идеја која што ќе се реализира во самите дневни центри и таргет група се самите корисници на дневните центри, тука е воведен поимот – поединечно школување, менторство бидејќи дневните центри станаа некако место за примање на образовни услуги бидејќи имаме тука поквалитетно преструктуирано време додека тие престојуваат во дневните центри, изјави Мартина Костовска, Порака наша

Втората проектна идеја, посочува координаторот Костовска се однесува на учениците со интелектуална попреченост во образовниот процес.

-Тука преку проектот „Продолжено моќно образовно партнерство “ општината претходно воведе термин педагошки асистент , сега се смени во образовен асистент со тоа ќе се олесни инклузијата на самите лица со интелектуална попреченост кои што се веќе во образовниот процес, значи тие асистенти ќе им помагаат на нив во текот на училишните обврски. Она што е новитет за оваа година е што оваа година веќе има и четворица  асистенти , лични асистенти на стари лица, кои што веќе работат и веќе се на терен, изјави Костовска.

Паралелно со „Продолжено моќно образовно партнерство“ ,  дневниот центар „Порака наша “ ги реализира и веќе започнатите европски проекти . Преку проектот „Биди безбеден“  се обезбедува  едукативна поддршка за лицата  со интелектуална попреченост кои што биле жртва на интернет насилство или интернет злоупотреба , а проектот „ The best “  се однесува на  инклузија на лицата  со попреченост во образовниот процес . Двата проекта се планира за завршат наредната година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)