Проектот за социјална инклузија целосно имплементиран

Заврши проектот за социјална инклузија „Сите деца учат заедно – прекугранична мрежа на инклузивни училишта“ на Североисточниот плански регион и Општина Дупница. На денешната работилница беа презентирани резултатите од проектот кој  се имплементираше две години. Во проектот на инклузивно образование опфатени се две основни училишта од Куманово  „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“.

– Денес правиме завршна пресконференција за да ги презентираме резултатите од проектот кој завршува на 15 мај оваа година. Ќе ги презентираме резултатите од Североисточен плански регион и Општина Дупница. Направена е студија за деца со посебни потреби за сите нови и напредни техники за работа со овие деца. Главната активност беше изградбата на седум лифтови, пристапни рампи и специјални тоалети за деца со посебни потреби во седум училишта во нашиот регион – објаснува Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на ТСПР.

Освен овозможување на пристап до училиштата за децата со посебни потреби и набавка на соодветна опрема беше спроведена и обука на наставниот кадар. Учесниците се задоволни од реализацијата на проектот и во иднина планираат соработка и вклучување во нови проектни активности од оваа област.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)