Проект „ Здрави навики, среќни умови“

„Здрави навики, среќни умови“ (Healthy habits, happy minds) е еден од шесте проекти кои што ги реализира средното стручно училиште „Киро Бурназ“ во рамки на програмата Ерасмус +. Партнери во проектот, освен Македонија се и училишта од Романија, Италија, Португалија и Шпанија. Досега се реализирани две мобилности, во Романија и во Италија. На работилниците во Романија акцентот бил ставен на булингот.

-Целта на проектот е учениците да стекнат навики за правилна исхрана, да научат здраво да се хранат и да приготвуваат здрави оброци, потоа да посветуваат поголемо внимание на своето здравје , на своите физички активности, да се запознаат со Булингот, како феномен кој се појавува се повеќе меѓу младите, каде што се опфатени учениците со поголема телесна тежина, и како да се заштитат од него. Проектот започна во 2018 и ќе трае до 2020 год. На мобилноста учествуваа 5 ученици и 4 професори.Мобилноста траеше 7 дена. На оваа прва средба со нашите партнери акцент беше ставен на Булингот. Учениците имаа повеќе работилници во врска со Булингот, предавања од експерти, практични спортски вежби, посета на детски градинки каде што се приготвува здрава храна за децата. Учениците стекнаа прекрасно искуство, остварија многу нови пријателства, изјави Биљана Тодоровска, координатор на проектот

Активностите во рамките на проектот  „Здрави навики, среќни умови“ започнале минатата година, а  реализцијата ќе трае до 2020 –та година, информира координаторот на проектот Биљана Тодоровска, професор по историја во средното училиште „Киро Бурназ“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)