Проект „Инклузивни партнерства во заедниците“

„Инклузивни партнерства во заедницата“ е насловот на проектот на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“  кој денеска беше презентиран пред претставници на локалната самоуправа, основните и средни училишта, центрите за вработување и граѓанските организации. Проектот кој што е финансиран од Европската унија, се реализира во општините Карпош, Велес, Тетово, Гостивар, Куманово и Струмица.  Пред присутните беше промовиран „Моделот на инклузивна општина“, развиен во рамки на проектот и се споделија знаењата стекнати низ процесот на градење на капацитетите на сите локални фактори и подобрување на соработката меѓу нив.

-Покриваме теми од пристап до податоци, инклузија во образование, вработување, здравство, културата, спортот и медиумите и веруваме дека овој инструмент кој има внатре повеќе алатки за проценка ќе им помогне не само на општина Куманово која што ни беше партнер во реализирање на проектот, туку и на другите општини да можат да направат проценка внатре во својата општина за тоа до каде се стигнати со инклузијата, ќе ги дефинираат јаките и слабите страни бидејќи мораме да признаеме како држава сме се уште на почетокот на полето на инклузијата, но таа станува многу важна тема во последно време, така што верува дека при првите проценки кои ќе ги прават општините веројатно и слабите страни ќе бидат многубројни отколку јаките, но ние сме тука и сакаме и тоа да го издефинираме и она за што општините навистина го прават добро, а видовме низ пример на нашите партнерски општини дека има и некои инклузивни практики кои што тие ги прават, но недоволно се зборува за тоа-истакна Бранка Џајковска, проектен менаџер.

Главна цел на проектот е развивање на ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на локално и национално ниво, заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попречност.

-Веруваме дека оваа алатка ќе им помогне на општините не само да ја проценат својата основна и почетна состојба туку да можат и да го следат својот прогрес понатаму и оваа одлична основа за да може да си ги направиме приоретите и политиките кои што се однесуваат на инклузија-дополни Џајковска.

Пред присутните се обрати Цоки Ристовски, раководител на секторот за социјална заштита при општина Куманово, кој истакна дека локалната самоуправа изминативе години активно е посветена на социјалната инклузија. Тој потенцираше дека општината го спроведува проектот општинско-корисна работа, овозможува помош и за старите лица во домашни услови, а дава поддршка и на двата дневни центри. За спроведувањето на инклузивни активности во соработка со општината и училиштата зборуваа и претставници на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество, Инклузива.

Проектот  „Инклузивни партнерства во заедницата“ завршува во февруари наредната година, а документот кој што може да им служи на општините, ќе биде поставен на веб страницата на фондацијата Чекор по чекор.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)