Проект: Компаративна предност за поголема конкурентност

Проектот Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност денеска беше презентиран пред претставници на мали и средни претпријатија  од Североисточниот плански регион. Целта е, како што информираат надлежните , подобрување на капацитетите за иновации, како и на развојните капацитети на малите и средни претпријатија, соработка помеѓу здруженијата, претпријатијата и универзитетите и институтите. Проектот, финансиран од ЕУ ќе трае две години, а ќе се имплементира во Североисточниот, Вардарскиот и Скопскиот регион. Во проектните активности ќе бидат вклучени по 25 компании од сите три региони.

-Активностите на проектот се обуки за иновативните пристапи, трансфер на знаења од странски искуства кон нас, кон нашите фирми и поврзување на компаниите , фирмите со универзитетите бидејќи тоа поле не ни е се уште доволно разработено така што ќе има серија на настани и серија на активности кои што ќе бидат спојка помеѓу бизнис секторот и науката и она што е една од најважните компоненти е формирање на виртуелна веб платформа која што е наречена Иновациски хаб каде што сите фирми учеснички , општините, регионалните бизнис центри ќе бидат вклучени , факултети , домашни и странски фирми,  изјави Бети Деловска, проектен менаџер

Имплементатор на проектот е Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово во соработка со Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија од Велес. Договорен орган е министерството за финансии.

-Директно ќе бидат вклучени 70 фирми, а уште толку фирми индиректно ќе вклучиме по разните проектни активности, изјави Димитар Ташевски, Фондација за развој на мали и средни претпријатија

За соработката, вмрежувањето и придобивките од Иновативниот центар пред присутните говореше  Владимир Павловски од Бизнис центарот во склоп на Североисточниот плански регион.

Во Североисточниот плански регион се евидентирани само 4 големи претпријатија со повеќе од 250 вработени,  87 средни претпријатија , а 90 ,5 проценти од вкупниот број претпријатија, како што информираа надлежните се микро претпријатија со помалку од десет вработени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)