Проект „Мапирање на разликите во домувањето за Ромите“

Во Занаетчискиот дом денеска се одржа промоција на документарниот филм и анализата, изработени во рамки на проектот Мапирање на разликите во домувањето за Ромите, кој го спроведува Ромски деловен информативен центар, заедно со Националниот ромски центар, Симбиозис 12 и Бела Кула. Проектот кој е финансиран од Европската унија, ги опфати општините Куманвоо,  Штип, Кочани, Велес, Прилеп, Кичево и Чаир. Анализата покажува дека состојбата со  домување на Ромите во Куманово се карактеризира со слаба инфраструктура, канализација, пристап до вода и електрична енергија, како и висока стапка на нелегализирани бесправно изградени домови.

-Дојдовме до заклучок дека ромската заедница во Куманово се соочува со идентични проблеми како и во сите други општини, што ни беа таргет на истражување но има и добри примери, институциите до каде што е спроведена легализацијата, колку била заинтересираноста од самите Роми од оваа општина, но и проблемите со кои се соочуваат, најмногу со измената на деталниот урбанистички план, во кој е опфатено и ромското место Средорек кој е планиран во сегашниот урбанистички план како Зелена зона, која треба да се направи измена за да можат и тие Роми кои сега не се во состојба да ги легализираат своите домови, да може барем некој од нив да биде-посочи Муарем Рамуш, Ромски деловен информативен центар.

Ахмет Јашаревски од одделението за локален економски развој при Општина Куманово, обраќајќи се пред присутните истакна дека мора да се направат измени во законската регулатива, за да се постигне значителен напредок во областа домување.

-Со областа домување не можеме да кажеме дека е мал проблем, затоа што повеќето од ромските наслеби Средорек, Бавчи не се во урбанистички план на градот, тоа се Зелени појаси каде што треба да се направи таа измена на програмата што ќе треба да се работи со министерство за локална самоуправа да видиме како полека да се реши. Тука е и НРЦ кој работи изминативе години околу легализација знам дека има резултати но проблемите се големи. Се враќаме на тоа дека самата законска регулатива ќе треба да претрпи некои промени, ако сакаме детално да се направат легализации и на Средорек и на Бавчи-нагласи тој.

Анализата покажува дека домаќинствата во кои живеат Ромите во Куманово скоро сите имаат пристап до електрична енергија, но нередовно ги плаќаат обврските за потрошената енергија и поради тоа се исклучуваат од системот за снабдување. Освен тоа, поголемиот број на живеалиштата во кои живеат Ромите се помали од 50 квадратни метри по домаќинство.

Коментари

коментар(и)