Проект „Спорт да, дрога не“

Ученици од 16-те основни училишта во Куманово денеска се натпреваруваа во мал фудбал во рамките на проектот „Спорт да, дрога не“  што го реализира Отсекот за превенција во СВР Куманово во соработка со Општина Куманово, Сојузот на училишни спортови и Општинскиот сојуз на спортови.  Традиционално спортските активности се организираат во овој период од годината како порака за поголема безбедност, грижа и внимание на сите кон младите, информира Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција во СВР Куманово.

-Денешните спортски активности се од ревијален карактер, како и минатата година со тоа што сакаме да се промовира дружење, меѓусебна комуникација во решавање на заеднички исти проблеми, а тоа е борбата против злоупотреба на дрога од страна на малолетните лица. Екипите се од од мешовит состав по случаен избор, ученици од различни училишта формираат една екипа, меѓусебно се договараат, избираат заедничко име под кое ќе настапуваат и секако на крај ќе имаме и прво, второ и трето место“ , изјави Богдановска.

Целта на проектот, како што посочува Богдановска, е меѓусебно дружење, комуникација и разбирање во решавање на проблемот кој што ги засега младите, злоупотреба на дрога и психотропни супстанци , како и подигање на јавната свеста кај сите дека треба да се вклучат за поголема безбедност и заштита на младите вклучувајќи ги образовниот персонал, родителите и институциите на локално ниво.

Проектот „ Спорт да , дрога не “ преку повеќе активности,  Отсекот за превенција го реализира од 2008-та година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)