Пролетен крос на пензионерите

Мирко Цветковски и Јасмина Тодоровска победија на пролетниот крос организиран викендов од здружението на пензионери од Куманово. Ова воедно беше и подготовка за општинскиот натпревар кој допрва ќе се одржи.

-Времето не послужи денеска, малку беше напорно, но битно е да се учествува, некој мора да биде прв, а некој последен изјави Мирко Цветковски,  пензионер

-Досега имам учествувано на две републички спортски пензионерски игри, имам бронзена и сребрена медала во дисциплината фрлање на ѓуле и трчање на 60 метри  за жени до 60 години, инаку подготвки имаме секојдневно, во понеделник и четврток на атлетската стаза во средното училиште Наце Буѓони, редовно тренираме затоа и членовите на атлетската секција редовно се вражаат со дипломи, изјави Јасмина Тодоровска, пензионер

Комисијата за спорт, рекреација и одмор  на најдобрите им додели дипломи.

-Денеска присуствуваа повеќе од 25 луѓе од кои 18 мажи и 8 жени. Го сметам за успешен овој денешен крос, така што ќе биде традиционален, секоја година изјави Љубе Димитриевски, Комисија за спорт, рекреација и одмор

Освен во атлетика, членовите на здружението на пензионерите од Куманово покажуваат извонредни резултати  и во шах, стрелаштво, домино, тегнење јаже.  Здружението брои околу 13.000 членови од Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)