Промовирана „Вила Обденица “

„Вила Обденица “ е насловена првата самостојна стихозборка од авторот Зора Ивановска што беше промовирана вчеравечер во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Претседателката на здружението на жени „Нада Михајлова “ изминатите години со свои песни редовно учествуваше во изданијата на  „Обденица“ , преку истоимениот поетски клуб. Во десетте стохозбирки можат да се најдат песни од повеќе членки на здружението на жени, но и на поетскиот клуб од Куманово .

-Јас сега кога требаше мојата книга да го види светлото на денот ми се вртеа неколку наслови во главата и дојдов до идеја значи сета таа работа што беше со обденица десет години наназад јас со оваа книга моја сакава да ставам една круна на Обденица и затоа насловот е Вила Обденица. Стихозборката е поделена на циклуси , нема одредена тематика, на многу теми сум пишувала од се што сум имала инспирација од секојдневниот живот, од моите чувства од моите емоции, по циклуси е поделена  значи првиот циклус е на посветени песни ….. изјави Зора Ивановска, автор на стихозборката „Вила Обденица“

Целокупната поетска активност на Зора Ивановска досега ја следи професорката по македонски јазик и актуелна директорка на средното стручно училиште „Перо Наков“  Лидија Тасевска која што синоќа ја имаше улогата на промотор на „Вила Обденица“.

-Нејзината поезија е реалистична со секојдневни теми , една свежа и пријатна поезија која мислам дека заслужува внимание и почи од сите вљубеници во пишаниот збор. Повеќе пати бев рецезент на збирката Обденица , изјави Лидија Тасевска, промотор

Ивановска очекува од своите сограѓани да ја прочитаат стихозбирката „ Вила Обденица“ и да и го пренесат своето мислење за поезијата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)