Промовирана збирката „Тајнопис“ на Сара Ѓорѓијоска

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа се одржа промоција на збирката „Тајнопис“, на 16-годишната Сара Ѓорѓијоска. Збирката содржи 58 песни, во кои што се пренесени емоции, чувства и љубов на младата авторка. Ѓорѓијоска само три години интензивно твори, а тврди дека поезијата ја сака откако научила да чита.

-Чувството е прекрасно, знаејќи дека имаш дело на кое можеш да се навратиш во кое било време и дека луѓето го ценат-изјави авторката.

Според промоторката на книгата, Тања Стоилковиќ младата авторка е голем талент и таа се надева дека и во иднина ќе продолжи да се занимава со оваа уметност и да ги наградува читателите со прекрасни стихови.

-Емоциите кои што Сара ги изнесува во своите песни, тоа е најмногу што се чувствува она што и самата вели тишината зборува, како што таа кажува за своите стихови и како што видовте и слушнавте на Сара и е многу полесно да пишува така ги искажува сите свои чувства, емоции-додаде таа.

На промоцијата присуствуваше и заменик-министерот за култура,  Драган Недељковиќ кој младата авторка ја спореди со големите македонски поетски имиња.

-Таа е една од најмладите поети кои поминаа на годишната програма на Министерството за култура. Тоа покажува дека Македонија е големо поле за поетскиот збор, како што го кажав и во мојот говор, како големиот Димитар Миладинов, Кочо Рацин, Никола Маџиров, еве и Сара Ѓорѓијоска македонски поетски збор ќе го прошири не само во Македонија туку низ целиот свет-нагласи тој.

Ѓорѓијоска наскоро ќе ја издаде и втората своја книга, а веќе работи и на третата. Таа има настапувано на бројни литературни конкурси во земјата и надвор од неа, а има освоено и многу награди. Инаку книгата „Тајнопис“ е финансирана од Министерството за култура на Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)