Промовирана книга за народниот херој Карпош

Со пригодна програма и промоција на книга за Христијан Тодоровски Карпош , Здружението на армиски  и полициски ветерани од активен и резервен состав вчеравечер ја одбележа  73 годишнината од загинувањето на народниот херој.

Пред  присутните во Клубот на ветераните се говореше за ликот и делото на Карпош, но и за животниот пат и учеството во Втората светска војна на неговиот соборец и автор на книгата Јордан Цеков-Дане, кој има 96 години.

– Се гордееме со Цеков, роден  е 1921 година. За време на војната , Дане Цеков собира оружје во неговата куќа кое што  половина се носи на Козјак, а  половина на Карадак. Неговите зборови се „Се што било, а не е запишано еден ден ќе биде како да не  било“ изјави  Драган Стојмановски , претседател на здружението.

Освен авторот , на синоќешната свеченост присуствуваше и курирот на Карпош во војната , партизанот Милован Ѓуровски. А на Карпош се потсети и авторот на книгата, Цеков.

По десет примероци од книгата за Карпош ќе добие секое училиште во градот  посочуваат од здружението на армиски и полициски ветерани  со цел, како што велат  да не се заборави или пак негира делото на овој народен херој, кој на само 23 години го даде својот живот за родната земја.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)