Промовирана книга од авторката Силвана Бојковска

„Изданието  Традиционалното и современото културно живеење во Куманово  претставува една ретроспектива на цивилизациските и историските придобивки кои што се вградиле во културното живеење на нашиот град “ , рече рецезентот проф.д-р Маја Јакимовска – Тошиќ   на промоцијата  на книгата од авторката магистар Силвана Бојковска.  Ова дело е нејзина прва прозна публикација, а долги години пишува поезија и има издадено збирка на хумористични песни.

-Самото дело е интересно за одбележување во оваа година, точно петстотини години пред големиот јубилеј што ќе го прославува градот наредната година  и сметам дека вакви изданија ќе се вградат во културната меморија на секој од граѓаните на нашиот град. Апсолутно самата периодизација која што е опфатена на цивилизациските и културните процеси од предисторијата па до денес во изданието нуди една податлива слика за многу настани, за многу години, за многу дејности кои што се случувале во сите сфери на културата на градот, од книжевното и духовното живеење преку архитектурата, музиката, спортот до сите облици кои што ги имаме денеска на увид, изјави Маја Јакимовска – Тошиќ , рецезент на книгата

Во своето обраќање пред присутните на промоцијата на книгата во Занаетчискиот дом, градоначалникот Максим Димитриевски рече дека  има  можност да се види едно убаво дело кое што пишува за нашата кумановска етно генеза , кое што нагласи , верува дека ќе остави белег во  богатото  историско минато на нашиот град , на граѓаните, на нашата држава.

-Поминале многу години, вечерва во предвечерието на пет века Куманово кое што ќе го прославиме сите заедно следната година имаме уште една можност и задоволство да видиме нешто ново создадено како творештво на наш сограѓанин, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Книгата е магистерски труд на авторката Бојковска на Институтот за македонски јазик и култура, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Покрај  Тошиќ , рецезент на книгата е и   проф. др. Илија Велев.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)