Промовирана монографија за воннаставни активности

„Партиципација на учениците во воннаставни активности на училиштето-акциски истражувања“ е насловена монографијата која што беше промовирана денеска, а е изработена од четири основни училишта од градот „ Христијан Карпош“, „ Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“ и „11 Октомври“.

Наставниците од посочените училишта направија истражувања со учениците преку прашалници, анкети и интервјуа на различни теми. Христијан Карпош работеше на темата-интерпероналните односи меѓу учениците во паралелка, Браќа Миладиновци ја обработи партиципацијата на учениците во воннаставни активности на училиштето, 11 Октомври истражуваше на темата- индивидуален и индивидуализиран приод во дополнителна настава, а  Крсте Мисирков го обработуваше усогласувањето на начинот на оценување на учениците со очекуваните исходи од спортските заења по предметот физичко и здравстевно образование во предметната настава.

-„Нашето акциско истражување покажа дека е применливо. Ги здружи колегите во тимска работа, придонесе за професионален развој на наставниците и еве сега ќе покажеме дека тоа е изводливо во сите училишта. Наставниците не се само активни имплементатори на наставни планови и програми, туку можат со своите акциски истражувања, нови форми и методи да придонесат за ново поефикасно работење“-изјави Лидија Костиќ, директорка на „Христијан Карпош“. 

Монографијата е прва од ваков тип во државата, а е издадена со поддршка на Фондација Отворено општество Македонија. На денешната промоција присуствуваа и професори од Педагошкиот факултет  од Словенија. Според деканот Јанез Крег училиштата одбрале битни проблеми и теми, но штета е што ваквите проекти финансиски не ги поддржува државата.

Од Фондацијата Отворено општество Македонија  велат дека оваа монографија ги вклучила и учениците да ги идентификуваат проблемите и да придонесат во нивно решавање.

Оваа монографија е наменета за просветните работници со цел да бидат поуспешни во својата работа надлежните се надеваат дека монографијата ќе ја прочитаат сите наставници во државава. На промоцијата присуствуваа голем број диектори и наставници од основните и средните училишта во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)