Промовирана програмата „ Реално“

 „ Реално 2017-2020 “ е најобемната и најквалитетната програма презентирана на македонската политичка сцена со проекти и конкретни решенија, рече на денешната пресконфенција во Куманово Никола Тодоров, носител на изборната листа во втората изборна единица од Коалицијата „За Подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ . Тодоров презентирајќи ја програмата посебен акцент стави на проектите за Куманово и Старо Нагоричане. Со  проектот рурални развојни зони рече дека  се поттикнува  економскиот и општествениот развој на руралните средини, при што се предвидени даночни олеснувања и финансиска помош за лицата  кои  сакаат да отворат бизнис во селските  подрачја.

-Наместо да замираат руралните подрачја или селата – да живнат, луѓето кои што живеат таму да останат да живеат таму , да се вработат во новоотворени погони , во новоотворени компании кои што ќе бидат отворени многу блиску до нивните населени места, изјави Никола Тодоров, носител на кандидатска листа во ИЕ 2

Тодоров го најави  и капиталниот проект за рестартирање на сите пропаднати стопански капацитети за време на , како што рече болната и лошата транзиција која што беше спроведена од страна на нашиот политички ривал односно од страна на СДСМ. Кожара, Тутунски комбинат, Житомел, сточарската фaрма ќе бидат дел од рестартираните компании.

-На заинтересираните инвеститори владата ќе им понуди државна помош со цел креирање на голем број работни места со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени во овие компании односно стечајците, изјави Никола Тодоров, носител на кандидатска листа во ИЕ 2

Носителот на листа во ИЕ 2 ,  меѓу останатото  ја најави изградбата на ургентниот хируршки центар, обезбедување на  157 апарати за болницата и здравствениот дом, реконструкција на регионални и локални патишта, рехабилитација на автопатот Куманово Миладиновци, изградба на 4 спортски сали, детски градинки, реконструкција на 8 училишта, а го промовираше и проектот Од село во град -За нов почеток.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)