Промовирана стихозбирката „Александровна “

Во песните на Лидија Лучко –Јеремиќ има метафоричност и поетски асоцијации кои ги красат нејзините поетски гранки исполнети со топлина и нежност. Во „Александровна“ доминираат песни со љубовна тематика, рече во својот осврт кон поетската стихозбирка Горан Анчевски, промотор и рецезент. Според него, пресудно значење во создавање на песната имаат чувствата , емоциите и способноста да се изразат на најубав можен начин.

Стихозбирката „Александровна“  е промовирана вчеравечер во малата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Во своето обраќање пред публиката, поетесата Лидија Лучко-Јеремиќ се наврати и потсети на деновите кога заради честите преселби со семејството во поранешните југословенски простори, се образувала прво на македонски, а од трето одделение на српски наставен јазик.

-По распишаниот конкурс од здружението на пензионери Куманово на тема „Мојот град -лулка на моето постоење“ на ниво на РМ во 2009 –та година во моите раце заврши една од наградите. На 20. 10. 2013-та година добив благодарница од Активот на жени од здружението на пензионери Куманово која повторно го облагороди моето битие. Ви благодарам за топлината со која ме исполнивте, изјави Лидија Лучко-Јеремиќ, поетеса

Специјален гост на промоцијата на стихозбирката од Лучко Јеремиќ беше Благојка Филипчева, а присутните имаа можност и да уживаат во стиховите од Александровна.

Коментари

коментар(и)