Промовирана стихозбирката „Боемски блуз“ на Иле Наумов

Боемски блуз е насловот на најновата стихозбирка на кумановскиот автор, Иле Наумов, која викендов беше промовирана во Народниот театар. Тој истакна дека за ова дело инспирација црпел од секојдневните случувања, а веќе работи и на третото дело, но и на збирка за деца, кој до крајот на годината треба да се најде пред љубителите на пишаниот збор.

-Јас сум пресреќен што еве втора моја промоција која ја правам во Куманово, добри и квалитетни луѓе дојдоа на мојата промоција може да се видат најпознати имиња и брендови од македнската поезија и литература. Животот е инспирацијата, многу пати човекот е најден во ситуација кога навистина има некоја дупка која сака да ја пополни јас се најдов во поезијата и се обидувам да ја пополнам таа празнина во мојот живот и во животот на сите оние кои ме читаа-нагласи тој.

Промоторот на делото, Давор Крстевски посочи дека Боемски блуз веќе предизвикала голем интерес кај читателите.

-Тоа е нешто ново на нашите простори публиката ќе се увери дека тука се работи за еден микс кај што ако земеме еден музички правец како што блуз  и потоа нашата изворна македонска гајда тие се споени во едно творештво кое е одлично, романтичарите ги знаеме сите кои беа, кога престанаа, кога во Југославија се случија тие а потоа се загубија и  20-30 години сега пак преку делата на Наумов се враќаат во исто време опишувајќи го нашиот посебен, кумановски начин на живот а тоа е боемштината-посочи Крстевски.

Тој додаде дека наредниот период ќе следат промоции во Скопје, Битола, Прилеп, Крива Паланка. Наумов на кумановци им е познат како квалитетен лиричар, текстописец и писател кој во 2015-та година ја издаде стихозбирката Боемска рапсодија во црно. Учествувал на Струшките вечери на поезијата и е добитник на повеќе награди во својата дејност.

 

 

Коментари

коментар(и)