Промовирана „ Црните страници на УДБА“

Државниот Архив на Република Македонија денеска во Куманово ја промовираше едицијата „ Црните страници на УДБА“.  Едицијата содржи  извештаи од тајната полиција во кои е опишано што се случувало во Македонија во периодот од 1945 до 2000 година. Директорот Филип Петровски вели дека во кумановскиот театар освен театарски, се одвивале и некои други претстави, односно луѓе кои што биле присутни на сцената и позади неа , кои што доаѓале во бифето на театарот подоцна оделе во полициски станици, соработувале со тајната полиција и кодошеле некои наши првенци како на пример актерот Ѓорѓи Колозов.

-Јас бев вчудоневиден кога го најдов досието на нашиот бард македонскиот крал Колозов а тоа токму се случувало каде што денеска ја одржуваме промоцијата. Исто така вмро дпмне во деведесетите години кога се формираше како партија во Куманово било подложено на многу сериозна анализа,  истражување и проверки на животите на сите наши активни членови и од тоа произлегле многу материјали кои што се објавени во оваа едиција , изјави Филип Петровски, директор на Државен Архив наРМ

На 13.500 станици  запишани се голем број судбини ,животи на наши предци ,луѓе кои ги познаваме, велат промоторите. Едицијата „Црните страници на УДБА“  е составена од 16 книги во девет тома , во кои се содржани 202 досиеја.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)