Промовирани активните мерки за вработување

Претставници на бизнис секторот и невладините организации денеска се запознаа со активните мерки за вработување и другите можности што им се нудат на работовачите за 2019-та година, во рамки на настанот што го организираа Општина Куманово, односно Одделението за локален економски развој и Агенцијата за вработување Куманово.

Присутните се информираа за активните мерки, но и оние кои што следат, меѓу кои поддршка и раст на правни субјекти, обука кај познат работодавач, практиканството, обуки за дигитални вештини, побарувани занимања.

-На покана и во организација на општина Куманово ќе се одржи презентација на активните мерки за вработување кои се предвидени во оперативниот план на Владата за 2019-та година. Ова е со цел да го продлабочиме локалното партнерство за вработување, како и да ги согледаме потребите на работодавачите и на невработените лица на локално ниво на општината-изјави Марија Димитријевска, раководител на Агенцијата за вработување Куманово.

-Пред присутните се обрати и секретарот на општината, Десанка Стошевска, која се надева дека во иднина ќе следат уште вакви средби.

Таа посочи дека општината во моментов преку одделението ја изработува петгодишната стратегија за локален економски развој, во која ќе бидат опфатени и мерки за подобрување на бизнис климата.

-Општината како и досега се надевам дека и понатаму ќе продолжи да соработува со сите релевантни чинители, од областа на вработувањето и подобрувањето на бизнис климата како што се невладиниот и бизнис секторот, се со цел, за подобрување на социо-економскиот живот во нашата општина. Се надевам дека овој настан нема да биде прв од ваков тип, дека подоцна во фазата по усвојување на стратешката програма, која ќе треба да ја усвои Советот, ќе имаме можност за одржување на повеќе вакви средби-истакна Стошевска.

Настанот се одржа во кружната сала на поранешен Комитет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)