„Холограмска парадигма“ од авторот Jасминка Наумовска и „Засолниште на имагинација“ од Горан Стевчевски се книгите кои што беа промовирани вчеравечер. Проблемот на човековото функционирање на индивидуално и психолошко ниво, како и на групно и колективно е централна тема на книгата. Идеите изложени во книгата во голем дел произлегуваат од практичната работа со клиентите кои се трудат да избегнат или да достигнат поголемо ниво на зрелост и да го откријат сопствениот идентитет, а еден дел од книгата има стручна расправа на клучни теми кои се поврзани со човековото функционирање , посочува гешталт терапевтот Наумовска.
-Содржината на книгата зборува за свесноста која е суштинска, за психолошкото и духовното здравје. Осмислените раскази како да немаат граница мислам дека тие знаат каде се кријат нашите стравови и се обидуват да се соочат со нив. Книгата зборува за човекот како и за сите нешта обични и необични кои го менуваат на подобро или на полошо, изјави гешталт терапевтот Јасминка Наумовска, автор на „Холограмска парадигма “
Холограм е тродимензионална слика која е создадена со помошт на ласерски зраци , објаснува авторот.
-Ако холограмскиот објект се преполови тогаш половината ја содржи целината, значи нов поглед на една структурална органзиција дека целината се содржи во деловите и јас како претставник на гешталт терапијата можам да го застапувам ставот и со сигурност можат да тврдам дека целината е повеќе од збирот на деловите така што кога станува збор пример за семејство тогаш таа целина е многу нешто поголема од збирот на тие членови, изјави Наумовска
„ Засолниште на имагинација“ е осмо дело на магистарот по психолошки науки Горан Стевчевски.
– Се работи за една футуристичка книга , сите ние живееме истовремено во два света, во физичка димензија и во имагинарниот свет во духовната димензија меѓутоа свесноста ни овозможува да ги споиме тие два дела, изјави д-р Горан Стевчевски.
Промоцијата се одржа во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.