Промовирани десет мерки за подобар живот на младите

Секоја прва и трета недела во месецот младите да користат бесплатен железнички превоз , е една од  една од мерките и идеите што ќе го подобрат животот на младата популација во државата беше речено на синоќешната трибина на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ . Според Дарко Костовски од УМС, слична ваква мерка веќе вродила со плод, односно 50.000 млади луѓе досега го користеле  железникот превоз секоја трета недела во месецот. Пред присутните беа промовирани десет владини мерки, меѓу кои и проектот „Купи куќа за млади“.

-Во изминатиот период, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски промовираше десет мерки за млади што значат многу за иднината на Република Македонија, а со тоа и за иднината на младите во Република Македонија. Последователно на сето тоа, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира масовно настани во целата Република македонија како трибини, одредени настани со делење на флаери, со цел овие мерки да бидат дополнително објаснети на сите во Република Македонија – изјави Дарко Костовски, УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Костовски посочи дека десетте мерки ќе се спроведуваат во месец март, а наскоро ќе бидат промовирани и дополнителни мерки за младите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)