„Мојот професор пророк“ и „Траен изворник “ од авторот проф.др. Вера Стојчевска Антиќ се книгите што беа промовирани денеска во Занаетчискиот дом во Куманово. Ова е 15-та промоција на книгите посветени на Блаже Конески, во кои што авторката го опишува својот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Конески. Промотор на книгата беше проф.др. Димитар Пандев.
На промоцијата се читаа извадоци од книгите, имаше музички точки, но и обраќање на авторот на книгите проф.др. Вера Стојчевска Антиќ.
Вера Стојчевска-Антиќ е историчарка на книжевноста и на книжевната теорија. Зад себе има над 850 објави во земјата и во странство, од кои 75 се книги. Нејзината научна дејност е позната во голем број македонски и странски славистички центри, а главно се одвива околу средновековната македонска книжевност.
Литературната средба –насловена „Македонскиот јазик и Блаже Конески“ ја органзираше библиотеката Тане Георгиевски во соработка со локалната самоуправа.