Промовирано двојното ЦД на Маргица Антевска

Родителска љубов“ ,и  „Не лудувај Јоване“  е насловот на двојното ЦД на Маргица Антевска, кое синоќа беше промовирано во Занаетчискиот дом. Промоцијата е во рамки на одбележувањето 50-годишна музичка кариера на Антевска.

Во Знаетчискиот дом синоќа се одржа промоција на двојното ЦД на Маргица Антевска, „Родителска љубов“ , и „Не лудувај Јоване“. Настанот кој е по повод 50-те јубилејни години постоење на македонска музичка сцена е во организација на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, а поддржано од Министерството за култура. На двете ЦД има 15 народни и забавни песни.

 -Благодарам на публиката за поддршката во сите овие мои години, што ми влеавте љубов, надеж дека можам понатаму и на времето кога потклекнував мислев дека има луѓе кои сакаат да пеат. Фала ви, моите песни не се толку весели но допираат до срцето и душата, и ви ги давам вам-посочи таа.

На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека е чест да се види дело проткаено со долгогодишни творби, настапи, кои се оригинални.

-Вие интерпретаторите, уметниците создавате и творите за граѓаните, да живееме со вашата музика, и многу ми е драго што тука гледам и трета генерација на вашето семејство вечерва со вас.  Куманово прославуваше минатата година пет векови, а денеска во духот на 501 година од постоењето на градот, повторно ќе се потсетиме на нешто дамнешно но повторно и ќе се препознаме, во тие убави стихови и изведби-истакна пред присутните кумановскиот градоначалник .

Антевска со пеењето започнала уште во нижото музичко училиште, а потоа продолжила и во средно. Неколку години била член на хорот „Мирче Ацев“ од Скопје под диригенство на Драган Шуплевски, по што на една аудиција во Куманово добила понуда за снимање и од тогаш започнал нејзиниот музички пат. Учествувала на бројни фестивали во државата но и надвор од неа, каде што освоила бројни награди.  

За долгогодишното пријателство пред присутните во Занаетчискиот дом, зборуваше и нејзиниот колега Нино Величковски, кој е и директор на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово. Тој истакна Антевска за него е еден од најдобрите три женски вокали во државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)