Промовирано првото ЦД на „Етно ризница“

На плоштадот во Старо Нагоричане се одржи манифестација на која беше промовирано првото ЦД на здружението Етно ризница, кое е дел од проектот Трилогија од изворни народни мелодии од североисточниот регион.  Жителите на општините Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Куманово имаа можност да слушнат 16 композиции, повеќето стари песни, изработени во нови аранжмани, кои ги изведуваат Благица Павловска, Душко Георгиевски, Влатко Алексовски, Благоја Груевски, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, Нино Величковски, Васил Валканов од Бугарија и други.

-Целта е да се промовира културното историско наследство не само музиката од североисточниот регион, здружението има и други цели наредната е фестивал, Денови на балканска Етно ризница кој ќе се одржи од 10-ти до 12 ти јуни на плоштадот во Куманово целта ни е и понатаму да продолжиме да ги прибираме сите стари песни, обичаи, сето она што ни го идентификува нашиот код-изјави Драган Митевски од Етно ризница.

За аранжманите на песните беа задолжени Бајса Арифовска, Гоце Димовски од Синтезис и Цане Петров од Биоритам. Пејачката Благица Павловска истакна дека е изненадена од убавините на Старо Нагоричане. Нагласи дека и претставувало задоволство да учествува во изработката на вакво цд.

-Направивме две песни, едната е Море не си кадар девере, другата Димитрија, јас Димитрија ја имам снимано во друг стил а тука е во паланечка тројка, поинакво, но многу ми е драго и изненадена сум ги слушав и другите песни, сите се добри, стари изворни песни кои до сега можеби не се презентирани вака јавно на носач на звук и драго ми е јас сакам да снимам уште, има уште и мислам дека овие песни ќе имаат свое место и нов момент-нагласи таа.

Градоначалник на Старо Нагоричане, Милован Стојковски истакна дека во иднина планираат поголема соработка со здружението етно ризница.

-Мене ми е многу драго што вечерва тука ќе бидат гости Круме Спасовски, Нино Величковски, Благица Павловска, Душко Георгиевски и други еминентни пејачи што за Старо Нагоричане, и луѓето тука е голема работа-изјави тој.

Присутните имаа можност да го проследат и настапот на културно уметничкото друштво Српски вез.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)